20.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Родителите го оставиле кога имал само две години, а сега од него бараат да им дава пари до крајот на животот

Шпанскиот напаѓач Лукас Перес од вчера и официјално е нов играч на ПСВ Ајндховен. Искусниот 36-годишен фудбалер, кој има играно и за Арсенал и Вест хем, во ПСВ доаѓа од тимот на Депортиво ла Коруња.

Перес откри дека едноставно бил принуден да си замине од Ла Коруња и од Шпанија и тоа поради неговите родители. Перес ја „отвори душата“ и емотивно зборуваше за неговите проблеми на приватен план.

„Израснав во баба ми и дедо ми. Родителите ме напуштија кога сум имал само две години. Ме оставиле во сиропиталиште затоа што не можеле или не сакале да се грижат за мене. Оваа сезона татко ми поднесе тужба против мене. Бара да му плаќам алиментација до крајот на животот. Тоа многу ме погоди и дури размислував дали да ја прекинам кариерата“, открива Перес.

Ова не е првпат Перес да има проблеми со родителите кои го имаат оставено кога имал само две години. Кога во 2016 година потпишал за Арсенал, мајка му решила да бара пари од оставениот син.

„Имав среќа дека моите баба и дедо ја презеле грижата за мене. За жал, ни тие не можеле да бидат доволно време со мене“, открива Перес, кој потоа додаде дека главната причина поради која си заминал од Ла Коруња биле несогасувањата со неговиот татко.

„Го сретнав неколку пати за време на Божиќните празници и секоја од тие средби беа многу непријатни. Не почувствував дека имам поддршка од клубот и решив да бидам искрен и да кажам колку ми е тешко. Ми недостасуваше сигурност и довера од  Депортиво. Потоа од клубот добив писмо во кое тие бараа да потпишам дека се обврзувам да останам. Сфатив дека луѓето од клубот не сфаќаат колку ми значи Депортиво, па кога постои таков сомнеж, најдобро да се повлечам. Понудата од ПСВ стигна на 30 јануари, но тогаш не бев подготовен да заминам. Сепак, беа упорни, секоја недела ми праќаа покани и донесов одлука да дојдам во Ајндховен“, вели Перес.

- Оглас -

Најнови вести