Родителите му ги палеле копачките за да не игра, а тој денес заработува милиони

Самуел Чуквуезе е фудбалскиот талент на Нигерија, но и на Вилјареал. Младиот 20-годишен играч е во блескава форма и еден од играчите кои сезонава доживеа промоција во Примера дивисион. „Жолтата подморница“ го купи за 500.000 евра од фудбалската академја на Нигерија, а неговата сума сега вреди 10 пати повеќе. Како успеа еден играч од Нигерија толку брзо да добие ваква вредност?

Нигерискиот талент блесна во дуелот против Барселона, кога даде два гола во неверојатно реми 4:4. Во родната земја ја доби наградата за најдобар млад играч, што е само дополнителен податок за неговата вредност. Арсенал, Лестер и уште неколку клубови сакаат да го купат во летниот преоден рок.

Интересна е приказната за тоа како Чуквуезе станал фудбалер. Неговите родители биле големи противници на тоа синот да игра фудбал. Тие сакале Самуел да учи и да заврши факултет и воопшто не му дозволувале да игра фудбал. Методите некогаш биле и неверојатни, само Самуел да не игра фудбал. Тој откри дека родителите неколку пати дури и му го палеле копачките, за да нема со што да тренира.

И покрај ваквите препреки, Самуел продолжил да тренира и сега е една од најпосакуваните млади фудбалери во Европа. Најчесто Чуквуезе го споредуваат со Аријан Робен, по начинот на игра и неговите шутеви од работ на казнениот простор.

 

- Оглас -

Најнови вести