Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц е на прагот од комплетирање на трансферот во Ливерпул. Вирц имаше две одлични сезони во дресот на Баер Леверкузен, па англискиот гигант реши да го доведе во своите редови.
Неверојанти 130 милиони евра ќе изнесува трансферот кој треба да се официјализира во најскоро време. Засега не се познати деталите околу договорот меѓу фудбалерот и Ливерпул, но јасно е дека ова ќе биде трансфер што ќе го одбележи летниот преоден рок.
Интересно е дека од овој трансфер ќе заработат и родителите на Вирц, Ханс и Карин, и тоа дури 10 милиони евра од трансферот. Тие пари се затоа што родителите на Флоријан се и негови фудбалски агенти. Додека другите големи играчи имаат сериозни агенции и професионални агенти кои се грижат за нивните кариери, Вирц тоа го има доверено на своите родители и засега одлично им оди.
Во сезоната којашто измина, Вирц одигра 45 натпревари во дресот на Баер Леверкузен во кои постигна 16 гола, а имаше и 14 асистенции.