Никој не знае каква ќе биде иднината на Лионел Меси, вели неговиот братучед Макси Бјанчуки за италијанските медиуми. Макси даде и лично мислење дали најдобриот фудбалер на светот треба да си замине од Барселона.
„Вистината е дека тоа е нешто многу лично и никој не го знае одговорот на прашањето дали Лео ќе ја смени клупската средина. Јас лично би се радувал да го видам во дрес на некој друг тим за да им покаже на тие коишто велат дека тој е добар само во Барселона дека грешат. Генијалци како него може да играат добро каде било”, изјави роднината.
Макси додаде дека тој лично не го гледа Меси во италијански клуб.
„Не го гледам во Италија, но не сакам да коментирам за да не се засилат шпекулациите. Одлуклата си е само негова. Мене желба ми е да го видам како игра за Њуелс олд бојс”, додава Бјанчуки.