31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Роднината на Хабиб го нокаутираа, тој веднаш скокна во рингот (Видео)

Хабиб Нурмагомедов синоќа беше во првите редови за да ја гледа УФЦ борбата на неговиот роднина Шамил Завуров и Мансур „Афро-Самураи“ Барнои, во организација на ММА. На турнирот учествуваа вкупно 32-ца борци, а роднината на Хабиб доживеа тежок нокаут од Мансур.

Завуров добро започна, но поради едно мало невнимание, доби колено директно во главата и се струполи на рингот. Судијата веднаш ја прекина борбата, а Хабиб веднаш скокна и влета во рингот за да види дали неговиот роднина е во ред.

Лекарите брзо интервенираа, а Завуров за брзо време се освести.

- Оглас -

Најнови вести