33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Родри го продолжи договорот до 2027: Ја сакам секоја секунда што ја минувам во Манчестер сити

Шпанскиот репрезентативец Родриго Ернандес Касканте, или попознат само како Родри го продолжи договорот со актуелниот првак на Англија, Манчестер сити до 2027 година.

Родри не се двоумеше многу и ја прифати понудата на клубот за кој вели дека му овозможил многу да напредува.

„Доаѓањето во Манчестер сити во 2019 година е најдобриот мој потег во кариерата. Се чувствувам прекрасно, ја сакам секоја секунда мината во клубот и среќен сум што ја продолживме соработката“, изјави Родри.

Играчот од средниот ред брзо се снајде во таборот на шампионот и одигра 151 натпревар во трите сезони, а стана и стандарден шпански репрезентативец со 33 настапи.

- Оглас -

Најнови вести