Фудбалерот на Манчестер сити, Родри, ќе биде еден од предводниците на Шпанија во финалето против Англија. Тој вели дека најголамата опасност доаѓа токму од неговиот соиграч, Фил Фоден.
„Англичаните имаат многу играчи кои можат да направат проблем. Меѓутоа, посебно треба да внимаваме на Фил Фоден. Тој е играч кој мора да го држиме под контрола, бидејќи има способност на движење во мал простор.“ – вели Родри.
28-годишниот шпанец веќе пет години настапува во Англија и добро ги познава противничките фудбалери и нивните квалитети.
„Добро ги познавам, совршено го познавам англискиот фудбал. Имаат талентирана екипа, играчи кои може да балансираат и да ја држат контролата во сите аспекти на играта. Добро се бранат, можат да нападнат, меѓутоа и ние имаме свое оружје, убедени сме дека можеме да ги победиме.“ – додава Родри.