Родри прва жртва на новото правило на УЕФА, суспендиран е за мечот со Албанија

Шпанецот Родри стана прва жртва на правилото дека секој разговор и приговор кон судијата кој не е од капитенот на тимот, ќе се санкционира со жолт картон.

Родри имаше нешто да му каже на Славко Винчиќ синоќа на дуелот со Италија, па словенечкиот судија го примени новото правило и му покажа картон на фудбалерот на Манчестер сити. За Родри, ова е втор жолт картон на ЕВРО 2024, што значи дека нема да игра во третото коло против Албанија.

Родри ја носеше капитенската лента, но во финишот на мечот, откако првиот капитен Алваро Мората излезе од игра, а приговорот за кој доби жолт картон беше во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести