Хамес Родригес дефинитивно знае како да го искористи слободното време. Актуелниот член на Евертон беше виден од страна на папараците како ужива на Ибица, на јахта, со неговите пријатели, жени, алкохол и цигари. Некогашниот суперталент, за кого Реал Мадрид плати 80 милиони евра, очигледно го става фудбалот во втор план. Со Карамелите има договор до наредното лето, а неговата годишна плата изнесува 12 милиони евра. Иако се очекуваше ова лето да го напушти клубот, сепак, не се случи тоа.