Напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, Родриго, му изрази силна поддршка за својот сонародник Нејмар.
Родриго кој исто како и Нејмар е дете на клубот Сантос, верува дека за учеството на најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил на претстојното Светско првенство во 2026 година, воопшто не смее да има дилема.
Честите повреди и неконзистентната форма на Нејмар оставаат дилеми кај селекторот Карло Анчелоти и дел од фановите, но не и кај Родриго.
„Нејмар на Светското првенство? Не мислам дека има за што да се дискутира тука. Знаеме дека се обидува да се врати во форма, но не можеме да го изоставиме од составот под никакви околности. Нема да биде интересно без него. Ни треба Нејмар“, рече Родриго.

