Реал Мадрид се врати на заостанување од четири бода позади Барселона, откако со минимални 1-2 славеше на гостувањето кај Алавес. „Кралевите“ се соочуваа со големи проблеми околу составот за овој натпревар, но голот на Родриго во 76-тата минута се чини дека го спаси Чаби Алонсо од отказ, иако Реал воопшто не блескаше.
Килијан Мбапе во 24-тата минута и донесе „кралевите“ во водство од 0-1, но откако не успеаја да го зголемат водството, следуваше шок во 69-тата минута.
Карлос Винсете успеа да ѝ побегне на одбраната на Реал Мадрид, но помошничката судијка покажа офсајд. Сепак, по прегледувањето на снимката, голот беше признат и Алавес израмни на 1-1.
Победата за „кралевите“ ја донесе Родриго во 76-тата минута, откако му остана само полесниот дел по одличниот пробив на Винисиус по левата страна и одличната асистенција.

