2.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Родриго и Асенсио се јасни: Со Чаби Алонсо сме „до смрт“

Чаби Алонсо останува тренер на Реал Мадрид и покрај поразот од Манчестер сити. Челниците на Кралскиот клуб му дадоа доверба на шпанскиот стратег, а покрај раководните лица на Реал, јавно зад тренерот застанаа и голем дел од играчите.

Раул Асенсио вели дека е целосно лојален на тренерот Чаби Алонсо.

„Со Чаби Алонсо сме до смрт. Ја разбираме неговата порака. Ја видовте промената на ставот вечерва“, рече Асенсио по поразот од Сити.

Единствениот гол за Реал против Сити го постигна Бразилецот Родриго. Со овој погодок Родриго ја прекина рекордната лоша низа од 32 меча без гол за еден напаѓач на Реал, а на крајот се покажа дека неговиот погодок не беше доволен за Кралевите да се спасат од пораз.

По постигнувањето на погодокот, Родриго прослави со тренерот Алонсо и со нивна прегратка.

„Ние сме со тренерот. Многу работи што се кажуваат се лаги. Прегратката со Чаби? Тешко време е за играчите и за сите и сакав да покажам дека стоиме зад нашиот менаџер“, рече Родриго.

Следниот предизвик за Реал ќе биде во првенството на Шпанија, кога ќе гостува кај Алавес.

- Оглас -

Најнови вести