Бразилскиот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, нема да игра на двата натпревари против Бенфика од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите.
Родриго доби црвен картон во финишот на средбата токму со Бенфика, последна од лигашката фаза и долгиот јазик (упати остри зборови кон судијата) го чинеше прво исклучување откако е во првиот тим на Реал, поради кое доби суспензија од два меча.

