Бразилскиот ас Родриго не е среќен под водство на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Тој на последните два меча од Светското клупско првенство не беше стартер во тимот на Кралевите, па иако е сѐ уште претсезона, тој чувствува дека нема да добива важна улога од новиот стратег.
Ова повторно ги подгрева шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
Англиските клубови Арсенал и Манчестер сити се подготвени да го купат Родриго ова лето и ја чекаат конечната разврска околу неговата иднина. Доколку Бразилецот реши дека е време да замине од Реал Мадрид, тогаш веднаш ќе стартуваат и преговорите.
Реал е подготвен да го продаде Родриго, но за сума не помала од 90 милиони евра.