Родриго случајно ја откри пораката која сакаше да ја упати ако постигне гол

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, во една ситуација на мечот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите го крена дресот и откри каква порака има подготвено во случај да постигне погодок.

На неговата маица пишуваше „Pray for RS“, односно „Молете се за РС“, па на многумина не им беше јасно кому или на што се однесува, односно што значи кратенката РС.

„РС“ е кратенка за бразилската држава Рио Гранде до Сул, која во моментов е зафатена од големи поплави, од кои страдаат околу 400 општини, а 160.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови и да бидат евакуирани.

Сепак, иако Родриго не успеа да се запише во листата со стрелците, целиот свет имаше можност да ја прочита неговата порака, иако не сите ја сфатија, па фудбалерот мораше по натпреварот да објаснува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести