Родриго со два гола донесе спокој на „Сантијаго Бернабеу“, ПСЖ и Сити играат со резултат кој е непосакуван за двете екипи

Реал Мадрид има најубедлива предност по првите 45 минути во седумте меча кои се играат во моментов во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб на „Сантијаго Бернабеу“ води со 2:0 против Салцбург, во меч од седмото коло. Доколку не се случи чудо во вториот дел, Реал ќе стигне до три бода со кои клубот ќе дојде во „мирните води“ на табелата.

Домашниот терен по првото полувреме го користи и Милан, кој има предност од 1:0 против Жирона, а Арсенал со голот на Рајс исто така води со 1:0 против Динамо Загреб. Помалку изненадувачки е резултатот од Ротердам, каде што Феенорд со 2:0 води против Баерн Минхен.

Интер има предност на гости кај Спарта во Прага, додека во дербито на вечерта Пари Сен Жермен и Манчестер сити играат без погодоци. Овој резултат е непосакуван за двете екипи затоа што остануваат во зоната која може да ги исфрли од елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести