Рој Хоџсон е нов тренер на Кристал палас

Рој Хоџсон по вторпат во својата кариера од клупата ќе го предводи англискиот премиерлигаш Кристал палас. Седумдесет и шестгодишниот тренер и до ега важеше за највозрасен кормилар кој водел екипа во Премиер лигата бидејќи до 2021 година беше на чело токму на Кристал палас. Сега тој рекорд дополнително ќе биде подобрен.

Во претходниот мандат, Хоџсон го сруши рекордот на легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Хоџсон во својата тренерска кариера, која ја започна во далечната 1976 година, има водено голем број клубови, но, секако, најзвучни се Ливерпул и Интер, додека селекторската функција освен во матичната селекција на Англија, ја има извршувано и во Швајцарија, ОАЕ и Финска.

- Оглас -

Најнови вести