Рој Кин доби предизвик да се појави во боксерскиот ринг за да го реши конфликтот кој трае 20 години

Прославениот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, беше познат по својата борбеност, жестока реакција и оставање „срце на терен“. Кин на теренот имаше многу жестоки ривали, а еден од најголеите му беше некогашниот соиграч од репрезентацијата Џејсон Мекатир.

Овие двајца Ирци имаа многу фудбалски, но и нефудбалски пресметки на теренот. Кин во кариерата имаше дури 11 црвени картони, а еден од нив го заработи откако со лакт го удри Мекатир.

„Го заслужи тој удар. Немаше да го удрам ако не го заслужи. Со тоа што со некој играш во ист тим, не значи дека сте пријатели. Ме нервираа играчи кои не можеа да ја затворат устата. Не ми пречеше кога некој ќе ме удреше, ама Мекатир секогаш имаше нешто да каже“, има речено Кин за тој момент со репрезентатвниот колега.

https://twitter.com/i/status/1725282378413728069

Повеќе од 20 години трае нетрпеливоста меѓу овие двајца, а Мекатир, кој го нарече Кин дека е кловн, му понуди да се пресметаат во боксерскиот ринг.

„Веќе ми е мака од ова. Веќе сакам ова да го решиме еднаш засекогаш, но да бидеме цивилизирани. Можеби ќе биде добро да влеземе во рингот, да земеме по еден милион фунти и да решиме сè што треба“, рече Мекатир, кој го повика боксерсиот промотер Еди Хорн да им договори меч.

„Еди повикај го Рој. Ајде Рој. Ветувам дека потоа веќе никогаш нема да зборувам“, провоцираше Мекатир. Тоа е играчот кој кариерата ја започна во Болтон, а потоа има играно во Ливерпул, Блекбурн и Сандерленд, а на крајот кариерата ја заврши во нисколигашот Транмере.

Рин во кариерата играше за Манчестер јунајтед од 1993 до 2005 година и ги освои сите најважни трофеи со Црвените ѓаволи. Има играно и за Коб рамблерс и Нотингам форест, а кариерата ја заврши во шкотскиот гигант Селтик во 2006 година. За Ирска настапи на 67 меча и постигна девет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести