Рој Кин ќе биде селектор на Азербејџан

Рој Кин, легендарниот ирски фудбалер кој се прослави играјќи за Манчестер јунајтед, е во преговори да стане селектор на нациоанлниот тим на Азербејџан.

Азербејџанците вложуваат во развој на фудбалот, нивните клубови, пред сè Карабах, редовно играат во европските купови, а имаат големи очекувања и од репрезентацијата, иако на тој план резултатите уште не се како што треба. По Хрватот Роберт Просинечки, кој беше селектор пред неколку години, сега повторно планираат да донесат големо име, кое ќе ги води во Лигата Ц од Лигата на нациите.

Преговорите со Кин се почнати и во напредна фаза, Ирецот немал ништо против да ја преземе оваа селекција и нема да биде изненадување ако во следните 48 часа се случи и официјализација на договорот. Кин, кој има 48 години, би се вратил на тренерската работа во фудбалот по една година, откако во јуни 2019 си замина од позицијата помошник-тренер на Нотингам форест. Пред тоа беше главен тренер на Сандерленд и Ипсвич, а помошник во Астон вила и во репрезентацијата на Република Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести