Рој Кин повторно удри по Халанд: „Разгалено детиште …“

Ерлинг Халанд беше одличен во победата на Манчестер сити над Вулверхемптон со 5-1, откако постигна четири голови пред да биде заменет во 82-рата минута. Иако голгетерски беше расположен, токму замената беше нова прилика за реакција од легендарниот Рој Кин, кој повторно удри по норвешкиот напаѓач.

„Видовме како Халанд излезе од теренот, не беше многу среќен. Се однесува како разгалено детиште. Но, бидејќи Манчестер сити победува, а тој постигнува голови, тоа брзо ќе се заборави.“ – рече Рој Кин.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1787139997616763325?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1787139997616763325%7Ctwgr%5E6aa5788c1ec58e9f3de7be2b36c668a7e1904b0e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Froy-keane-erling-haaland%2F473960

„Нетрпеливоста“ помеѓу Кин и Халанд има своја историја. Токму Рој Кин со еден крвнички старт на градското дерби помеѓу Јунајтед и Сити, тешко го повреди таткото на Ерлинг, Алфи, кој тогаш настапуваше за „граѓаните“. Тоа значеше и крај на кариерата на Алфи Халанд. Рој Кин тогаш рече дека стартот бил одмазда за изјавите на Алфи, кој рекол дека Рој симулира кога ги скинал лигаментите.

- Оглас -

Најнови вести