Маркус Рашфорд минатата сезона му беше најдобра во кариерата, а веќе оваа сезона е најлоша во неговата кариера во дресот на Манчестер јунајтед. Токму овие лоши настапи на Рашфорд беа причина за реакција од легендарниот капитен на Црвените ѓаволи, Рој Кин.
„Навивачите се фрустрирани поради Маркус Рашфорд. Покрај тоа што е во лоша форма, сите може да видат дека тој едноставно нема волја да трча. Немам проблем околу тоа да игра напред, но мора да се враќа и назад кога играч за Манчестер јунајтед нема изговори. Секој играч може да падне во формата и да не му оди, но и тоа може да се коригира ако реши да трча. За него не може да се каже дека е талентиран затоа што веќе има 26 години и доби мегадоговор. Мора да биде пример за останатите и да трча повеќе од останатите“, рече Кин.
Останува да се види дали Рашфорд ќе го послуша овој совет од легендарниот капитен на Манчестер јунајтед.