Иконата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, не може да се помири со сегашната состојба во клубот во којшто се прослави и со кого освои многу трофеи и доминираше во англискиот фудбал.
„Немаше шанса да бидеме 14-ти во лигата. Никогаш не би биле 14-ти. Ако се случеше тоа, ќе имаше убиени луѓе. Мораше да се реагира порано, кога ќе паднете на 14-тата позиција, веќе е доцна“, вели Кин.
Следниот меч на Јунајтед во Премиер лигата е на гости кај лидерот и ривал, Ливерпул, кој има дури 23 бода повеќе од гигантот од Манчестер.