Ројс честеше на збогувањето со „Вестфален“, тоа ќе го чини најмалку 120.000 евра (Фото)

Марко Ројс како вистинска легенда си заминува од Борусија Дортмунд после 12 години во дресот на „милионерите“. 35-годишниот фудбалер со гол и асистенција во победата од 4-0 над Дармштад се прости од „Вестфален“, а погодокот го славеше на трибината со најверните навивачи.

Фудбалерот по повод заминувањето од клубот им порача на навивачите да се упатат до местата каде се продава пиво и да пијат на негова сметка. На апаратите за пиво пишуваше „Ројс чести“, а на трибината имаше 24.545 навивачи, па ако сите испиле по едно пиво од 4.90 евра, тогаш Ројс потрошил најмалку 120.000 евра за честење.

- Оглас -

Најнови вести