Марко Ројс е еден од најголемите фудбалери-малери на денешницава. Играчот на Борусија Дортмунд најверојатно нема да настапи и на претстојното Светско Првенство во Катар, откако се повреди денеска против Шалке.
Тој во првото полувреме при еден дуел го свитка зглобот по што плачеше. Останува да се види каква ќе биде прогнозата на лекарите за оваа повреда.
Ројс поради повреда ги пропушти ЕП 2012, СП 2016, ЕП 2016 и ЕП 2020. Борусија Дортмунд го победи Шалке во рурското дерби и тоа со 1:0 а голот беше дело на Јусуфа Молоко (79′)
Интересна е ситуацијата кај Баерн Минхен којшто во ЛШ ги победи Интер и Барселона, а во Бундеслигата четири кола не знае за триумф. Денеска, против Аугсбург го доживеа и првиот пораз (1:0) а стрелец на единствениот гол беше Мергим Бериша во 57-та минута.
Marco Reus suffering what looks like an ankle injury in the 28th minute. pic.twitter.com/nQPtatvImI
— WF90HD (@WF90HD) September 17, 2022
БУНДЕСЛИГА
Аугсбург – Баерн Минхен 1:0
Борусија Дортмунд – Шалке 04 1:0
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:1
Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт 1:3