Ројс со доза на среќа го реши бундеслигашкото дерби (видео)

Борусија Дортмунд во новата сезона тргна со минимална победа од 1-0 над Баер Леверкузен во бундеслигашкото дерби.

Дуелот го реши капитенот Марко Ројс во 10-тата минута, откако Германецот со малку среќа успеа да ја поттурне топката во противничкиот гол. Ударот на Адејеми што требаше да му биде деби-погодок во дресот на Милионерите, беше спречен точно на линијата, па интервенираше Ројс за конечни 1-0.

- Оглас -

Најнови вести