Лајпциг ја совлада ослабената Борусија Дортмунд со 2-1 во денешното бундеслигашко дерби, па сега Баерн Минхен може малку полесно да дише и има четири бода предност пред второпласираната Борусија.
Кристофер Нкунку имаше гол и асистенција, и сезонава тој е најефективниот француски фудбалер во топ 5 лигите после Карим Бензема. Гол даде и Јусуф Поулсен.
Голот за Борусија го постигна Марко Ројс, кој дојде до бројка од 102 гола во дресот на клубот, и се изедначи со Стефан Шапуиза на четвртото место на вечната листа на стрелци. Рекордер на Борусија е Бургсмилер со 135 гола.