Победата на Бостон селтикс во првиот меч од големото финале во НБА лигата, придонесе ситуацијата околу квотите за нов првак на најсилната кошаркарска лига на светот, да се смени за 360 степени.
Пред стартот на финалето, квотата за Голден Стејт вориорс беше 1.52, а за Бостон беше 2.45.
Сега, кога Селтикс води со 1-0 и за шампионски прстен доволно му е да ги добие трите меча на свој терен, квотите во Sport Life го фаворизираат Бостон. Доколку уплатите денеска, коефициентот за титула на Бостон е 1.60, а за Голден стејт е 2.35.
За тие што веруваат дека титулата сепак ќе ја освои шампионот на западот, се чини дека сега им е шанса да уплатат на Вориорс, бидејќи квотата е примамлива и којзнае дали пак ќе биде толку голема.