Фудбалскиот век на играчите дефинитивно е зголемен, но тоа што го прави Роке Санта Круз е навистина уникатно. Парагваецот кој кариерата ја започна во далечната 1997 година како 15-годишник, уште не се предава и на повеќе од двојно помладите од него на теренот.
Дебитираше во тимот на Олимпија во Асунсион, а потоа замина во Европа, каде со светска слава се стекна играјќи за Баерн Минхен, каде остана осум сезони. потоа играше и за Блекбурн, Манчестер сити, Бетис, Малага, Круз Азул, Олимпија, за да во 2022 година потпише за Либертад и уште е таму.
Иако игра 43 години, Санта Круз покажува дека екипата уште има корист од него, па синоќа на дуелот од Судмаерикана купот, на дуелот против бразилскиот Крузеиро, Санта Круз даде гол во 72 минута кога израмни на 1:1.
Со овој погодок, легендарниот парагвајски голгетер стана најстар стрелец во историјата на второто по ранг континентално натпреварување во Јужна америка. Санта Круз погоди со 43 години и 41 денови, па за 30 дена го надмина рекордот кој го држеше Уругваецот Пељажеро кој во тимот на Каро Портено има дадено гол со 43 години и 11 денови.
Roque Santa Cruz!! He becomes the oldest goalscorer in a Conmebol tournament at 43 years old. 💪 pic.twitter.com/BX9okYwfJz
— Diego Montalvan (@DMontalvan) September 27, 2024