Барселона се намачи, но на крајот победи на гости кај Лас Палмас со 2:1. Голот за победа на фаворитот стигна во судиското надополнување, кога Гундоган погоди од пенал.
На овој меч, во дресот на Барселона дебитираше младиот 18-годишен бразилски талент Витор Роке. Тоа е играчот кој само пред неколку дена пристигна во Барселона и сега веднаш доби шанса за деби за настап.
Роке влезе во 78-мата минута на местото на Феран Торес и негова цел беше да го разигра тимот за да постигне втор погодок. Сепак, Роке нема некоја голема заслуга за победата, а неговото деби многумина ќе го памтат по промашувањето само од неколку метри, кога остана сам пред противничкиот гол.
Талентираниот 18-годишен Роке го сметаат за еден од наследниците на Луис Назарио да Лима Роналдо. Сепак, на дуелот против Лас Палмас Роке покажа дека може да промаши од чиста позиција, па во последните моменти од средбата, иако беше сам пред гостинскиот гол, лошо шутираше и не погоди.