Александар Трајковски се уште очекува конечен договор со раководството на Мајорка, откако беше најавено дека ќе го засили новиот шпански прволигаш, а едно е сигурно дека нема да му биде досадно со соиграчите.
Атмосферата во Мајорка е фантастична по успехот во баражот и пласманот во Ла Лига, а вчера посебен штимунг за одлична забава направи Дани Родригес Васкес, играчот од средниот ред. Танцуваше како боксерскиот јунак Роки Балбоа, а потоа одлучи да направи одбојкарски „упијач“ на земја.
https://twitter.com/RCD_Mallorca/status/1159022068844957696?s=20
Забавата продолжи со танц на дел од останатите играчи, како дел од одличната атмосфера пред стартот на шпанското првенство.
Во сабота Мајорка ќе го игра главниот тест натпревар со Леванте, а потоа со нетрпение ќе го очекува и премиерниот дуел со Еибар на 19. август, исто така на домашен терен во новиот шпански шампионат.