„Роки“ му посака успех на Мајк Тајсон во борбата со Џејк Пол

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне му посака среќа на Мајк Тајсон во претстојната борба против Џејк Пол која е закажана за утре рано наутро.

Тајсон кој има 58 години, во рингот ќе се судри со јутјуберот, блогер и актер Пол, кој е околу двојно помлад од него.

Сталоне објави монтирана фотографија на која познатиот лик Роки Балбоа од култниот филм „Роки“ наводно се бори со Тајсон.

„Тоа е само измислена фотографија, но ми се допаѓа да ја гледам. Го познавам Мајк од денот кога стана шампион. И еве што можам да кажам за него – тој е супермен кој удира помоќно од кој било во историјата. Никогаш во животот не сум видел таков воин. Уживај во моментот!“ – напиша Сталоне на социјалните мрежи.

Спред квотите, Пол е фаворит за победа, а во Sport Life може да се обложите и на тоа колку рунди ќе има, колку нокдауни, додека за начинот на победа тука се игрите во Бет Билдерот.

- Оглас -

Најнови вести