34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Ролан Гарос ќе му оддаде посебна почит на Рафа Надал

Раководството на Ролан Гарос објави дека ќе му оддаде посебна почест на живата легенда на овој гренслем турнир, Рафаел Надал, на првиот ден од годинашното натпреварување.

„Тоа ќе биде церемонија полна со изненадувања“, изјави директорката на турнирот, Амели Морезмо.

Церемонијата ќе се одржи на теренот „Филип Шатрие“ по првите три дневни меча.

Надал последен пат настапи во Париз на 29 јули 2024 година, кога загуби од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри.

Тој е рекордер на вториот гренслем турнир во сезоната со неверојатни 14 освоени трофеи. На влезот на Ролан Гарос има негова статуа.

Надал официјално се повлече од тенисот на завршниот турнир од Дејвис купот, минатиот ноември на стадионот „Мартин Карпена“ во Малага.

- Оглас -

Најнови вести