Рома, Бенфика и Атлетико не смее да згрешат

1006 Астон вила – Њукасл (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за место што води во Лига на шампиони за следната сезона. Њукасл е во феноменална форма и има шест победи по ред (пет во првенство и победа во финалето на Лига купот), што значи дека Астон вила, ако игра на свој терен, ќе има тешка задача да стигне до трите бода.

Во последните три меча на овие ривали, Њукасл има три убедливи победи. Ако се погледнат резултатите на последните шест нивни пресметки, во просек има над четири погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.89)

 

3003 Рома – Верона (20:45 ч.)

Рома игра одлично во последно време, посебно на свој терен, па јасно е кој е фаворит на овој меч. Верона е во сигурната зона на табелата, без амбиции да се бори за излез во Европа. За разлика од гостите, Римската волчица, грчевито сака да се приклучи кон водечката петорка за место во ЛШ.

Традицијата вели дека на осум од последните 10 меѓусебни дуели било со ГГ3+, што значи дека треба да се очекува интересен меч со повеќе погодоци, а се знае кој е фаворитот.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.40)

 

1806 Унион Берлин – Штутгарт (18:30 ч.)

Унион Берлин ниту може да испадне, ниту да оди во Европа. За разлика од нив, Штутгарт уште негува надеж дека може и следната сезона да игра во европските купови.

Штутгарт е една од екипите кои игра без многу калкулации па често дава, но и прима голови. Токму затоа тука може да се очекува да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

1305 Лас Палмас – Атлетико Мадрид (21 ч.)

Домаќините се во грчевита борба за опстанок и секој бод им е „злато вреден“. За разлика од нив, Атлетико уште има математички шанси да се бори за титулата, а кога е така, тренерот Диего Симеоне не се откажува.

Кога играат овие ривали нема многу калкулации, а доминира Атлетико затоа што има дури 12 победи во последните 14 пресметки со Лас Палмас. Во овој период, Лас Палмас победил два пати. Последен пат реми овие два тима одиграле во минатиот век, односно во 1999 година.

Предлог тип: 2&0-3 (2.50)

 

1544 Виторија Гимараеш – Бенфика (21:30 ч)

Во минатото коло Бенфика на свој терен киксираше и ја загуби челната позиција на табелата во Португалија. Токму затоа, премногу ќе биде ако Бенфика пак не победи, иако овојпат игра на гости кај Виторија Гимараеш, која е на високото петто место на табелата.

Предлог тип: 2 (1.58)

- Оглас -

Најнови вести