Рома беше блиску до победа, но на крајот ќе мора да се задоволи со првиот гостински бод сезонава (Видео)

Екипата на Рома одигра само 1-1 на гостувањето кај Торино, иако сите очекуваа многу повеќе од избраниците на Жозе Мурињо по онаа убедлива победа од 7-0 над Емполи минатата сезона.

„Римската волчица“ беше многу блиску до победата. Ромелу Лукаку во 68-мата минута ја донесе Рома во водство од 0-1, но Дуван Запата во 85-тата минута успеа да израмни на 1-1 и со тоа да го постави конечниот резултат на овој меч.

Рома само со пет бода по пет првенствени кола во Серија А се наоѓа на разочарувачкото 13-то место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести