Рома броеше до 27… во шутеви, а победи само 1-0 (видео)

Втор меч и втора победа на Рома со резултат 1-0, овојпат на „Олимпико“ против повратникот Кремонезе во рамките од второто коло во Серија А. Римската волчица жали што трите бода ги освои со минимален учинок бидејќи избраниците на Жозе Мурињо бомбардираа со шутеви кон противничкиот гол, а само еден од нив ја затресе мрежата на Раду.

Смолинг во 65-тата минута ја искористи прецизно нафрлената топка од корнер на Пелегрини, осамен на подалечниот дирек англискиот стопер со глава го реализира победничкиот гол за Рома. Во меѓувреме статистиката вели дека домаќините упатија вкупно 27 шута кон противничкиот гол, од кои 12 беа во рамките, односно одбраната на Кремонезе во девет наврати блокираше удар, а само шест шута завршија преку или до голот на гостите.

- Оглас -

Најнови вести