Рома до крајот на сезоната ќе носи амблем „Black Lives Matter“ (фото)

Покрај тоа што спортот трепеше последици од пандемијата со корона-вирусот во изминатиов период, исто така се активира во движењето за борбата против расизмот. Активирањето на спортот се базира по инцидентот кој се случи во Минеаполис, САД, кога полицаецот Дерек Човин со коленото го загуши до смрт Афроамериканецот Џорд Флојд.

Посебно во фудбалот се истакнува поддршката за отстранување на неприфатливото однесување и деградирање на луѓето врз расна основа. Во Бундеслигата веќе некое време фудбалерите на разни начини се активираат во движењето „Black Lives Matter“, од напишани ставови на маиците до клечење на колено во знак на протест, а сега во борбата се вклучува и италијанскиот гигант Рома.

До крајот на сезоната на ракавот од дресовите на Римската волчица ќе стои амблем со „Black Lives Matter“, а на долниот дел ќе пишувам „асиеме“, што во италијански превод значи „заедно“.

- Оглас -

Најнови вести