Рома има големи проблеми: Волчицата ја има втората најголема загуба во историјата на Серија А

Рома синоќа загуби убедливо со 3:1 од ЦСКА Софија, но Римската волчица уште претходно го имаше обезбедено пласманот во нокаут-фазата од Лигата на Европа. Челниците на италијанскиот тим на последниот состанок утврдија дека долгот на клубот е речиси 400 милиони евра, а нето-загубата изнесува дури 200 милиони евра. Тоа е вториот најголем создаден долг во истоијата на Серија А, соопштуваат медиумите во Италија.

Поранешниот газда на Рома, американскиот бизнисмен Џејмс Палота, го остави клубот во многу лоша финансиска состојба, а како што изминува времето, долгот постојано расте. Заклучно со 31 октомври, долгот изнесува 393,8 милиони евра, што значи дека е за дури 94 милиони евра зголемен во однос на јуни.

Како главен фактор за зголемувањето на долгот се проценува неиграњето на Рома во Лигата на шампионите. Приходите на клубот паднаа од 232,7 милиони евра само на 141,2 милиони евра, додека нето-загубата е 204 милиони евра.

На Рома сезонава не ѝ оди најдобро во првенството и по 10 одиграни кола, има 18 бодови, што е доволно за шестото место во Серија А. Волчицата има осум бода помалку од лидерот Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести