Рома едноставно не смее да го отпушти Мурињо, има 15 милиони „причини“ за тоа

Екипата на Рома го има најлошиот старт во клупската историја откако освои само пет бода во првите шест меча во Серија А. Со еден ваков старт, Римската волчица сега е на 16 место на табелата и е многу блиску до зоната за испаѓање.

Во ситуација кога резултатите се очајни, секогаш прв на удар е тренерот, но кога се работи за Жозе Мурињо, Португалецот е речиси сигурен дека ќе остане на „Олимпико“. Причина поради која Мурињо може да биде сигурен дека нема да си замине предвреме е договорот кој го има потпишано, а тоа е дека ако Португалецот добие отказ, клубот ќе треба да му исплати неверојатни 15 милиони евра.

Рома ќе има шанси утре на својот „Олимпико“ да се поправи и сигурно ќе атакува на трите бода во дуелот против Фросиноне.

- Оглас -

Најнови вести