Рома ги чува бисерите: По Ѕаниоло, потпиша и Ундер

Репрезентативецот на Турција, Џенгиз Ундер, ја продолжи соработката со Рома до 2023 година. Ундер вчера стави потпис на новиот четиригодишен договор, само еден ден подоцна откако клубот од Рим ги осигури услугите и на талентираниот играч за врска Николо Ѕаниоло, кој потпиша договор до 2024 година.

Ундер е член на Рома од 2017 година, пристигна од редовите на Басахшекир за сума од 14 милиони евра и за брзо време се наметна во првиот тим. Досега запиша 65 настапи за Римјаните во сите натпреварувања, во кои реализираше 14 погодоци и 13 асистенции.

„Од првиот ден се чувствувам како да сум дома. Среќен сум што ја продолжив соработката бидејќи Рома ми даде шанса да се појавам на големата фудбалска цена. За тоа вечно ќе бидам благодарен, а се надевам дека ќе можам на убав начин да му возвратам на клубот“, истакна Ундер.

https://twitter.com/cengizunder/status/1161983936949620736

- Оглас -

Најнови вести