Рома го купи напаѓачот на Челзи за 40 милиони евра

Тами Абрахам се согласил да потпише договор со Рома и тоа на пет години, според пишувањата во Италија. Досегашниот играч на Челзи ќе го облече дресот на калчолигашот, за трансфер од 40 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси. Во договорот стои дека Челзи ќе има можност да си го врати Абрахам по 2023 година, но лондонскиот тим тогаш би платил 80 милиони евра.

Англискиот напаѓач во Рома треба да биде замена за Един Џеко кој од вчера го носи дресот на Интер. Абрахам е дете на Челзи. Уште на седумгодишна возраст прв пат заиграл во детската лига за Челзи, а 12 години подоцна дебитираше за првиот тим.

Абрахам во Челзи има одиграно 82 меча во кои постигнал 30 погодоци. Три сезони играше како позајмен играч и тоа во Бристол сити, Свонси и Астон вила. Вкупно на 209 натпревари има 90 погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести