Рома го постигна најбрзиот гол во последните неколку децении и тој беше доволен за победа (Видео)

Рома минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Емполи во меч од 28 коло на италијанската Серија А. Ова беше петти триумф по ред на Римската волчица во првенството, низа која ја нема ниту еден друг тим во моментов.

Мечот во Емполи беше решен уште во првиот напад на гостите. Поминаа само 22 секунди кога Матијас Соле со прецизен шут од далечина го матираше домашниот голман. Погодокот на Соле Соле може да го видите ТУКА.

Педантните статистичари пресметаа дека ова е најбрзиот гол што Рома го има дадено во првенството откако „data opta“ од 2004 година. Претходно најбрзиот постигнат гол на Рома беше забележан на 21 јануари 2012 година кога Франческо Тоти погоди по точно 30 секунди игра на дуелот против Чезена.

- Оглас -

Најнови вести