Рома го претстави новиот дрес, го врати легендарниот грб и ги воодушеви навивачите (Видео)

Италијанскиот прволигаш Рома ги претстави дресовите со кои ќе настапува во новата сезона и ги израдува навивачите.

По 30 години, германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ повторно ќе ги „облекува“ фудбалерите на Римската волчица и одлучи новиот дрес да наликува на тој од 1992/93.

https://twitter.com/OfficialASRoma/status/1676860254083067905?s=20

Новиот дрес ќе биде во традиционалната боја, а на него ќе го има Лупето, симболот на глава на волк кој во 1978 година го осмисли Пјеро Гратон. Овој потег на управата на Рома ги воодушеви навивачите.

„Ова е еден од најубавите дресови што сум го видел во последните години“, напиша на „Твитер“, навивач на Рома.

- Оглас -

Најнови вести