Рома го презентираше Гасперини, кој потпиша договор до 2028 година

Италијанскиот клуб Рома официјално објави дека Џанпјеро Гасперини е именуван за нов тренер на првиот тим. Договорот со искусниот стручњак е со важност до летото 2028 година.


Гасперини на клупата го наследува Клаудио Раниери, кој важи за една од легендите на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во официјалното соопштение од клубот се наведува:


„Рома со задоволство објавува дека Џанпјеро Гасперини е новиот тренер на сениорскиот тим. Неговата досегашна кариера е препознатлива по иновативен тактички пристап, силна работна етика и исклучителна способност за развој на фудбалери. Сопствениците на клубот, заедно со Клаудио Раниери, се убедени дека Гасперини е вистинската личност за овој предизвик. Добредојде, тренеру! Форца Рома.“

Гасперини во претходните девет години беше на чело на Аталанта, каде што остави длабок белег. Под негово водство, клубот од Бергамо го доживеа најуспешниот период во својата историја, кој кулминираше со освојувањето на трофејот во Лига Европа во 2024 година. Исто така, Аталанта под негово водство избори учество во пет изданија на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести