Рома повторно ја чека работно лето откако Мончи подготвува нов ремонт на екипата. Во преден план е да се подобри квалитетот во нападот, односно да се доведе долгогодишно решение за Един Џеко. „Римската волчица“ го посакува Андреа Белоти од Торино, да биде наследникот на Босанецот кој веќе е во искусните години, а и договорот му истекува во 2020 година.
Цената за италијанскиот голгетер е 50 милиони евра, но Римјаните ќе се обидат да преговараат и да ја намалат истата, бидејќи Белоти не брилјира како во претходните сезони. Пред две лета Торино можеше да инкасира и 100 милиони евра за услугите на Белоти, но тогаш беа одбиени сите понуди, пред се од неколку англиски екипи.
Засега на 19 натпревари во Серија А, Белоти бележи учинок од седум погодоци.