Рома го сака Шаќири, но Клоп не го дава

Тешката повреда на Николо Ѕаниоло ја стави Рома во незгодна позиција. Мора да се доведе негова замена, барем привремено до крајот на сезоната. Волчицата претрпе неуспех во првиот обид за такво нешто бидејќи бараше играч од редовите на европскиот првак Ливерпул.

Станува збор за Џердан Шаќири, швајцарскиот репрезентивец кој e член на Црвените од летото 2018 година. Шаќири има улога на резерва кај предводникот Јирген Клоп, неговите настапи често се влегување од клупа, па Рома се обиде да го примами со редовна минутажа.

Сепак, германскиот стратег не му дозволи на Шаќири да се пресели во Серија А, каде што веќе играше во дресот на Интер. Шаќири сезонава запиша вкупно 10 настапи во сите натпреварувања, од кои шест се во Премиер лигата, а постигна само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести