15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Рома го задржа Мхитарјан без да потроши евро

Хенкрих Мхитарјан и официјално го оствари перманентниот ангажман во Рома по раскинувањето на договорот со Арсенал. Топчиите спогодбено го ослободија Ерменецот и му ја исполнија желбата да остане во редовите на Римската волчица, каде што минатата сезона играше како позајмен играч.

Мхитарјан во меѓувреме не се најде на списокот кај селекторот на Ерменија, Хоакин Капарос, за дуелот против Македонија од Сегментот Ц во Лигата на нациите, што е добра вест за нашиот национален состав.

- Оглас -

Најнови вести