Рома и Челзи се фаворити, на Манчестер јунајтед не му се пишува добро

6023 Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед (18:45 ч.)

Сосиедад има три порази во последните пет меча што ги одигра, но сепак ја има улогата на фаворит против англискиот гигант. Во претходните пет години, овие два тима играа четирипати и добро се познаваат, а интересно е дека сите четири дуела биле НГ (еден од двата тима да не даде гол).

Дури трипати било максимум со еден гол, што само е најава за нов тврд и неизвесен дуел со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.16)

 

6024 Ајакс – Ајнтрахт Франкфурт (21 ч.)

Ајакс е лидер во првенството на Холандија и во вистински момент за нив ќе игра против Ајнтрахт. Германскиот тим има само една победа во последните седум средби што ги одигра и прими дури 15 гола, што само покажува за лоша игра во дефанзивата.

Сепак, ова е прв меч од осминафиналето, ќе има калкулации затоа што постои и реванш, но секако дека може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

6027 АЗ Алкмар – Тотенхем (18:45 ч.)

Овие два тима веќе играа еднаш сезонава. Тоа беше во третото коло од групната фаза, кога Тотенхем на свој терен во Лондон славеше со 1:0. Тогаш домаќините доминираа, а АЗ Алкмар среќно си замина само со еден примен гол.

Сега се игра на теренот на холандскиот тим, ќе се очекува поотворена игра на АЗ Алкмар, што значи дека Тотенхем ќе има дополнителен простор за контранапади.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.92)

 

6028 Рома – Атлетик Билбао (21 ч.)

Рома е во супер форма со пет победи и едно реми во последните шест дуела, но Атлетик Билбао сезонава веќе еднаш покажа дека знае како е да се остане непоразен на „Олимпико“. Тоа беше меч од првото коло во групната фаза на Лигата на Европа, кога Рома водеше, но тимот од Билбао израмни во 85-тата минута.

Сега влогот е уште поголем, а Римската волчица, секако, ќе ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (3.75)

 

6781 Копенхаген – Челзи (18:45 ч.)

Копенхаген направи изненадување кога го елиминира бундеслигашот Хајденхајм, но сепак Челзи е многу поголем предизвик. Англискиот гигант треба рутински уште на ова гостување да покаже сила и да стигне до предност која ќе значи комотен реванш.

Предлог тип: 2&2-5 (2.12)

- Оглас -

Најнови вести