3611 Рома – Кремонезе (18.30 часот)
Засилената Рома својот прв официјален меч дома ќе го има против новиот прволигаш и тоа е прилика да се постигне повеќе од еден гол, за разлика од првото коло, кога против Салернитана, екипата на Мурињо создаде многу шанси и постигна само еден погодок. Кремонезе во првото коло загуби од Фиорентина со 2-3 и покажа дека нападот му е подобар од одбраната. Ескаланте доби црвен картон, па нема да игра во Рим. Кремонезе цели 26 години не гостувал кај Рома, а 29 години не знае за победа на „Олимпико“.
Предлог тип: Т1 3+ (2.19)
1362 Елче – Алмерија (20.00 часот)
Овие два тима со пораз ја стартуваа сезоната во Шпанија, но оставија различен впечаток. Алмерија му покажа заби на Реал Мадрид, а Елче потфрли и загуби 0-3 од Бетис. Елче победи дома против Алмерија со 1-0 во нивниот последен меѓусебен дуел како прволигаши во веќе далечната 2015 година, па традицијата на меѓусебните дуели и не е некој клучен фактор. Елче има повеќе повредени играчи, но игра дома и тешко дека ќе загуби.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.14)
3612 Сампдорија – Јувентус (20.45 часот)
Сампдорија сезонава ја почна со домашен пораз од 0-2, веројатно ни во второто коло нема да си поминат многу подобро. Кај Јуве ќе го нема Ди Марија, кој беше еден од главните творци на победата од 3-0 во минатото коло, па шанса да биде стартер ќе добие новакот Костиќ. Старата дама победуваше против Самп на последните три гостувања во Џенова и на овие три меча секогаш даваше барем два гола.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.50)
1103 Манчестер ј. – Ливерпул (21.00 часот)
Веројатно никогаш претходно не се случило најголемото англиско дерби да се игра во момент кога едниот тим е последен, а другиот 12-ти на табелата. Двата тима имаат проблеми, не ја почнаа сезоната како што посакуваа, па дуелот им доаѓа во лош момент. Жота и Дарвин нема да бидат во нападот на Ливерпул, стартер ќе биде Фирмино. Кристијано Роналдо сака да си оди, но ќе се обиде да даде гол во дербито. Јунајтед го прегази Ливерпул со 4-0 на пријателскиот меч пред еден месец, но на последниот лигашки меч на „Олд Трафорд“ гостите победија со 5-0.
Предлог тип: 2 (1.67)
1363 Жирона – Хетафе (22.00 часот)
Каталонците и мадриѓаните ќе се обидат да го освојат првиот бод откако губеа во првото коло. Жирона пред некој ден го освежи составот со Бразилецот Реиниер, кој доаѓа како позајмен од Реал Мадрид. Ова е меч за кој податоците најавуваат дека ќе биде сиромашен со голови. Хетафе беше надигран од Атлетико минатиот викенд, сега им е шанса да се извадат за лошото издание.
Предлог тип: НГ (1.63)