Рома и Милан во трка за ѕвездата на Удинезе

Интересот за Лоренцо Лука станува сè поголем. Рома и Милан влегуваат во директна трка за потписот на напаѓачот на Удинезе.

Раководството на Волчицата го гледа 24-годишниот напаѓач како приоритетна цел за новиот проект под водство на Џанпјеро Гасперини, кој наскоро ќе го преземе кормилото од Клаудио Раниери. Гасперини одамна го посакува Лука, уште во јануари инсистираше тој да пристигне во Аталанта, но трансферот тогаш не се реализираше.

Сега Милан повторно се појавува како сериозен конкурент. Новиот спортски директор Игли Таре веќе остварил контакт со агентот на Лука, со намера да го обезбеди неговиот потпис пред конкуренцијата.


Иако зимоска Росонерите се решија за Сантијаго Хименес од Феенорд, интересот за Лоренцо Лука не стивна.

Напаѓачот сигурно ќе го напушти Удинезе ова лето, а прашање е само дали ќе се одлучи да замине на „Олимпико“ или на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести