Рома и со двајца играчи помалку дојде до реми против Фиорентина и ја задржа четвратата позиција (Видео)

Екипите на Рома и Фиорентина одиграа нерешено, 1-1, на последниот денешен натпревар од италијанската Серија А. Двете екипи се во борба за што е можно повисок пласман и за четвртата позиција, која води во групите на Лигата на шампионите.

Римската волчица дојде во водство уште во петтата минута преку Ромелу Лукаку.

Следуваше црвен картон за Зелевски во 64-тата, а само две минути подоцна Фиорентина израмни на 1-1 преку Мартинес. До крајот на мечот Рома остана со уште еден играч помалку на теренот откако Лукаку беше исклучен во 87-мата минута.

Сепак, иако со двајца играчи помалку во финишот, избраниците на Жозе Мурињо успеаја да го сочуваат својот гол и со реми да ја задржат четвртата позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести